Во касарната „Алексо Демниевски- Бауман“ во Велес денеска свечено беше одбележан Денот на Командата за обука и доктрини КОД-15 април.
Честитки до сите припадници на КОД од името на ГШ на АРМ и од свое име упати заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини. Тој во своето обраќање потсети дека на овој светол датум и достоен за одбележување во нашата богата историја, во 1992 година се примени првите регрути на АРМ.
– Да се има одговорност за обука на сите Команди и Единици на АРМ беше и се уште е императив на секој припадник на Командата за обука и доктрини од нејзиното формирање се до денес. Процесот на трансфирмација низ годините значеше и процес на унапредување на Единиците со партнерите на НАТО на секое поле ,потенцира генарал потполковник Сејдини.
Командантот на КОД полковник Љупчо Костовски потсети дека овој ден се одбележува бидејќи на 14 април 1992 година во гарнизонот во Охрид пристигна првиот рерут припадник на АРМ, велешанецот Панче Јамандиев, а за веќе следниот ден на 15. април во сите касарни на АРМ да пристигнат првите регрути од регуларниот состав на АРМ.
– Ние се определивме за овој ден како Ден на нашата единица,поаѓајќи од фактот на континуирано ангажирање на почетокот во подготовка на граничарите за чување на државната граница, а подоцна во интензивната обука на регрутите и граѓаните на доброволно служење на воениот рок, рече тој.
Полковник Костовски потсети дека денеска Командата за обука и доктрини –КОД, согласно мисијата е задолжена за индивидуална обука на сите припадници на АРМ, преку Центрите за индивидуална обука,за обука на питомците и Центарот за странски јазици. Тој потсети дека даваат и интензивна поддршка на колективната обука на сите Команди и Единици на АРМ, па и на други државни агенции и институции, а нивните капацитети ги користат и припадниците на НАТО и партнерските држави.
Полковник Костовски подвлече дека во составот на КОД се и Армискиот полигон „Криволак“, стрелиштето „Петровец“, Кампот за обука на вода и Кампот за обука во зимски услови. Со осовременување на Цетарот за обука и дресура на службени кучиња, рече, прерасна во современ Центар за оваа намена за разни намени и потреби и на останатите безбедносни структури.
На свеченоста беа наградени одредени припадниците на КОД од воениот и цивилен персонал, а наградите им ги врачи заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Насер Сејдини. Беа доделени и награди за најуспешните ученици на конкурсот за литературни творби за средношколците, а свој настап имаа и ученици од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ и музичкиот ансамбл „Распеани велешани“.