Во Велес втора улична анкета за управување со отпад

Од:

Во Велес денеска ќе биде спроведена втора улична анкета за искажување ставови во однос на управувањето со отпад.

Анкетата ќе се одржи на платото пред театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Таа е дел од проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“.

Целта е да се воочи зголемената свест на граѓаните во однос на управувањето со отпадот и нивната информираност во врска со активностите на проектот. Првата улична анкета се одржа во ноември минатата година.

Преку Проектот треба да се воспостави интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментно годишно произведуваат 330.000 тони отпад.

Во проектот се вклучени 43 општини од четирите региони.

Би можело да ве интересира

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби