Во Велес средношколците цртаа „Урбан ѕид“

Од:

Во Новиот дел на Велес на спојот на улиците „Благој Ѓорев“ и „Тодор Јанев“средношколците заедно со нивните професори од градот започна да исцртуваат „Урбан ѕид“, кој е дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт што се реализира во 25 градови во Македонија.

Денеска со графитни композиции се исцртаат само четири површини каде се претставена апстрактна композиција на портокалова основа со акрилна фасадна боја и спрејови, а поатаму ќе се исцртува и останатиот ѕид долж главната улица.

Градоначалникот Славчо Чадиев истакна дека како општина го подржуваат овој проект и се надева дека во иднина и други локации во градот ќе исцртаат со вакви цртежи, бидејќи градот располага со бројни ѕидни површини.

– Целта на проектот е да се развие позитивно креативноста на средношколците без притоа да се оштети некој јавен објект а, со сликањето да се добие нов урбан лик на градот, потенцира Чадиев.

Ирена Илиќ професор во хемиското училиште „Димитрија Чуповски појасни дека нејзините ученици работат на хроматско-ахроматска композиција„Еднаквост“ во која има нијансирање и градација на тонови.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско