Во Велес спречен обид за грабеж на менувачница

Од:

Во Велес приведено е лице кое се обидело вечерва да ограби менувачница во центарот на градот со автоматска пушка, што ја одзел од вработениот.

Како што информираат од СВР Велес, инцидентот се случил околу 19:20 часот кога во менувачницата лоцирана во Трговскиот центар влегло лице кое со пушката на вработениот се заканувало и сакало да ја ограби менувачницата.

– Засега непознато лице влегло во менувачница во Трговскиот и сакало да ја ограби. Ја зело автоматската пушка на вработениот и му се заканувало да му ги даде парите.Тогаш настанала тепачка меѓу нив двајцата при што разбојникот испукал два куршума. Потоа излегле надвор каде продолжила тепачката, а напаѓачот испукал уште два куршума, по што се дал во бегство. За среќа вработениот не бил повреден, информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Напаѓачот бил фатен од група граѓани кои се затекнале на местото на настанот, меѓу кои имало и полицајци кои не биле на служба, а кои потоа го привеле.

На лице место се екипи на СВР Велес кои работат на расветлување на случајот, информира Стојковска.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он