Во Велес состанок на Штабот за следење на состојбата по дождот

Од:

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, кој со својот тим беше на увид на состојбата по дождот и невремето, синоќа свика седница на Штабот за следење на состојбата во градот.

Портпаролот на Општина Велес Мартин Мајсторов информира дека екипи на ЈКП „Дервен“ ги отстраниле паднатите дрвја, дека со интервенција на ЈКП „Дервен“ и Територијалната Противпожарна единица на Велес исчистен е одводниот канал кај А.Д.„Жито Вардар“, а чистено е и кај Дервенскиот поток и е договорено со чистење да се продолжи и денеска.

Воедно било договорено да се мобилизираат и да подготват за евентуално нови поплави сите возила на Територијалната противпожарна единица од Велес, Центарот за справување со кризи, ЈКП „Дервен“ и Дирекцијата за заштита и спасување.

Од СВР Велес информирале дека поради засилените екипи на терен немало застој на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Невидена бура ја погоди Далмација, улиците под вода, жителите во очај: „Никогаш не сум видел нешто вакво“

(ВИДЕО) Најмалку 35 лица загинаа во невреме, 400 се повредени

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он