Во Велес собрани околу 300 крвни единици во 21. крводаротелска акција

Од:

Во Велес во рамки на 21-та дводневна летна солидарна акција за доброволно дарување на крв собрани се вкупно 296 крвни единици.

Акцијата, традиционално заедно ја организираа Општинската организација на Црвен крст од Велес во соработка со медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Како изјави за МИА д-р Ефтим Димитровски, акцијата била успешна. Вчера биле собрани 169, а денеска 127 или вкупно 296 крвни единици, со што крводарителите на Велес, вели, повторно докажаа дека се меѓу најхуманите во земјава.

– Сите крвни единици собрани од оваа акција за доброволно дарување на крв ќе бидат однесени во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, а оттаму распоредени за потребите на скопските клиники и останатите болници во земјава, информира д-р Димитровски.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско