Во Велес се роди првото бебе – машко во 2024 година

Од:

Во Гинеколошко-акушерското одделение на ЈЗУ Општа болница Велес денеска во 12.30 часот се роди првото бебе во 2024 година. Тоа е машко бебе тешко 3.280 грама на мајката Ивана Јакимовска од село Пеширово, Свети Николско на кое и е трето дете.

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Породувањето на мајката по природен пат, го извршил тим од лекари гинеколози д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска, заедно со сестри акушерки од одделението.

Попладнево мајката и бебето ќе ги посети градоначалникот Марко Колев со своите соработници од Општина Велес и ќе им однесат пригодни подароци.

Инаку, лани во велешката болница се родиле 294 бебиња, освен од Велес и Велешко и од неколку соседни општини.

Споредено со претходната 2022 година, во 2023 година се родиле за 89 бебиња помалку.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он