Во Велес презентирани владините програми за поддршка на руралниот развој

Од:

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Тони Димовски денеска беше во посета на Општина Велес за да ги презентира програмите кои се однесуваат на финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Димовски потенцираше дека со програмата се поддржуваат и инвестициите на локално ниво како што се патната инфраструктура и сите инфраструктурни зафати од помал обем кои се неопходни за локалното население.

– Ќе се сретнеме со градоначалниците од Вардарскиот плански регион, кои преку оваа средба ќе имаат можност да се запознаат со деталите околу аплицирањето за отворениот јавен повик за мерката која нуди инвестиции во патната инфраструктура, напомена, Димовски.

Средствата се издвојуваат од државниот буџет, а Владата ги нуди како можност веќе пет години наназад во делот на инфраструктурата, но и за обука во користењето на предпристапните фондови на ЕУ.

– Ние како општина, секако ќе ја искористиме можноста по презентацијата заедно со општинската администрација да се вклучиме со конкурирање со дел од проекти кои веќе ги имаме изготвено. Колку за информација, Велес веќе го спроведува проектот за патот за село Ораовец со средства од Агенцијата што значи дека имаме добра соработка, истакна, градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев.

На презентацијата присуствуваа и градоначалниците на општините Градско и Неготино, кои ги искажаа своите согледувања за акцијата и конкретните проекти кои во изминатиот период ги имале реализирано во своите општини.

– Општина Неготино по втор пат ќе аплицира, ние веќе еднаш бевме корисници во рамки на проектот за патот во селото Тревник во износ од 10 милиони денари, а овој пат ќе конкурираме за делница од 1,5 км меѓу двете населени места Тимјаник и Дисан, истакна градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски