Во Велес по еден починат, новозаразен и оздравен од Ковид-19 во изминатиот ден

Од:

Епидемиолошката состојба во Велес и Велешко за последните 24 часа е оценета како стабилна, но непредвидлива и затоа на граѓаните им се порачува дека нема простор за опуштање и треба да бидат претпазливи, рече на денешната прес – конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој ја пренесе информацијата од 24 седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Тој информира дека едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување е оздравено и едно лице кое било згрижено на Инфективната клиника во Скопје е починато.

Вкупната бројка на позитивни случаи во Велес и Велешко до денес изнесува 289 лица, од кои 257 оздравени, 17 активни и 15 починати. Од активните случаи, 11 лица се наоѓаат на домашно лекување, а шест на Инфективното одделение во Велес.

Инаку, на Инфективното одделение при велешката Општа болница освен од Велес, има и пациенти од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Делчево.

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес