Во Велес отстранети 23 диво поставени објекти

Од:

Општина Велес започна со етапно отстранување на диво поставените објекти, а во првата фаза беа отстранети 23 диво поставени објекти на улицата „Андон Шурков“, кај Кулата спроти улицата „Петре Поп Арсов“ и спроти Интернатот, информира градоначалникот на Општина Велес,Аце Коцевски.

Тој најави дека на овој простор по нивното остранување ќе се спроведат градежни зафати или озеленување согласно намената на просторот според планската документација која е усвоена за предметните локации. Програмата, како што рече, за подигнување нови зелени површини за 2018 е усвоена на последната седница на Советот и постојат услови за непречена реализација.

Со акцијата најпрво ќе бидат опфатени 211 бесправни објекти на потегот од општинската зграда до „Комплекс УЗУС“ во новиот дел на Велес, каде и стартува акцијата

Според проценките на стручните служби на Општина Велес, како што информира градоначалникот Коцевски, на подрачјето на Велес има околу 600 бесправно изградени времени објекти: настрешници, гаражи, киосци, голубарници и слично.

Воедно информира дека акцијата ќе продолжи се’ до отстранување на сите времени и бесправно изградени гаражи, односно објекти од овој тип, на подрачјето на градот

– Овие бесправно изградени објекти го нарушуваат јавниот простор и ги користат објектите без да платат ниту денар за користење на јавна површина, создавајќи нелојална конкуренција на трговците, угостителите и граѓаните кои го почитуваат законот и ги плаќаат сите давачки кон општината и државата.

Коцевски апелира до сопствениците на објектите да соработуваат во интерес на законот и во интерес на сите граѓани да придонесат урбаниот простор и зелените површини да бидат достапни до сите граѓани на Велес.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ