Во Велес одбележани 65 години од смртта на народниот учител Панко Брашнаров

Од:

Пред неговиот споменикот во новиот дел на Велес синоќа Општина Велес, одбележа 65 години од смртта на народниот учител Панко Брашнаров.

Делегации на Општина Велес, на Општинскиот Сојузот на борци, на претставници на јавни претпријатија и на членови на неговото семејство, положија букети цвеќе во негова чест и почит.

За делото на народниот учител на свечената академија потсети Илија Василески од Скопје,кој потенцира дека му оддаваме почит на скромниот,чесен и тивок велешанец,кој целиот свој живот и го посвети на Македонија,барајќи правда и достоен живот за селанецот и за работникот.

-Благодарна е неговата мисија како народен учител од Велес кој на својот народ му всади љубов кон својот народен, јазичен и културен идентитет и ги рашири револуционерните идеи меѓу населението, потенцира Василески.

Тој воедно потсети дека Панко Брашнаров со поздравен говор го отворил Првото заседание на АСНОМ во Манасторот Прохор Пчински. Во своето излагање меѓу другото го искажал и неговиот идеал за создавање слободна македонска држава во рамки на нејзините географски и етнички граници.

Панко Брашнаров бил избран за потпретседател на президиумот на АСНОМ и за прв повереник(министер) за информации, а во тоа својство во велешкото село Горно Врановци ја основал Телеграфската Агенција на Македонија –ТАМ. Бил избран за народен пратеник во народното собрание на НРМ, како и за народен пратеник во Собранието на ФНРЈ, а бил и член на одборот на Народниот фронт на Македонија.

-Тој како следбеник и доследен поддржувач на ставовите на Инфорбирото, го изрази своето незадоволство по однос на нерашавањето на прашањето за обединување на Македонија. За ваквите негови ставови,тој бил обележан како „инфорбировец“ и следен од тогашната УДБ-а. Така Брашнаров од заслужен Македонец со големи револуционерни идеи, стана политички неподобен и непријател на државата. Без никаков официјален документ за кривична одговорност со образложение дека ширел лажни вести и го нарушувал спокојството на граѓаните, на 29 јуни 1951 година бил испратен на 24 месеци „превоспитивање и општествено полезна работа’ на озлогласениот Голи Оток, каде и починал на 13 јули 1961 година на 68 годишна возраст, потети Василески.

Илчо Брашнаров негов правнук во името на неговото семејство Брашнарови како негови потомци истакна дека од државата бараат што поскоро враќање на посмртни останки на Панко Брашнаров од Хрватска во Македонија, односно во родниот Велес. Воедно бараат и што поскоро државата да го рехабилитира народниот учител Панко Брашнаров.

Свеченоста беше збогатена со концерт на револуционерни македонски песни во изведба на Ванчо Тарабунов.

Синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на документи и фотографии од Панко Брашнаров насловена „Панко Брашнаров од истакнат национален борец до жртва на комунистичкиот режим.

Изложбата ја потготви историчарот Илија Василески од Музејот на македонската борба од Скопје, а во неа се содржани 23 фотографии и 36 оригинални документи од Панко Брашнаров. Воедно за Панко Брашнаров говореше и историчарот Слободан Ников раководител на одделението на Државниот архив во Велес.

Како што појасни пред присутните авторот Василески, низ документи и фотографии претставен е неговиот лик од неговото раѓање во родниот Велес, неговото образование и учителствување, дејствувањето за време на ВМРО (Обединета), неговото политичко и воено учество во најзначајните епопеи на НОВ. Изложени се фотографии и документи од времето на АСНОМ и неговиот поздравен говор како и неговите функции по конституирањето на АСНОМ. На крај и документите за негово испраќање на Голи Оток.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ