Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки денеска во Велес го одбележа Денот на сестринството.
Беа доделени благодарници како почесни признанија на медицински сестри за нивната долгогодишна успешна работа во здравството во Велес.
Портпаролот на Здружението, Марина Андова рече дека станува збор за медицински сестри кои оставиле неизбришлив печат во работата на поранешниот Медицински центар во Велес.
Почесна награда и беше доделена на Злата Стровјанова, која е во пензија, и е една од најстарите медицински сестри со вишо образование и поранешна главна сестра на Медицинскиот центар. Воедно постхумно благодарница и беше доделена и на Цветанка Јанушева поранешна главна сестра во Медицинскиот центар, а наградата ја прими нејзиниот син.
Инаку во велешките јавни здраствени установи и во приватното здравство моментално работат 306 медицински сестри акушерки и стоматолошки сестри. Од нив во велешката ЈЗУ Општа болница вработени се 110 медицински сестри со средно и вишо образование и 31 акушерки, а во ЈЗУ Здраствен дом и во болницата за белодробни заболувања Јасеново има 60 медицински сестри и техничарки. Во приватните здравствени ординации во Велес има 55 општи медицински сестри и 55 акушерки и стоматолошки сестри.
Инаку, на централното одбележување на Денот на сестринството на 5 мај во Скопје пофалници им беа врачени на главната сестра на ЈЗУ Општа болница во Велес, Марина Андова и на акушерката Шенај Брзева.