Во Велес одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Од:

Во Велес денеска со повеќе активности беше одбележан 9 Мај Денот на Европа и на победата на фашизмот.

Денот на Европа беше одбележан со спортски натпревари на средношколците од гимназијата „Кочо Рацин“, во организација на општина Велес. На настанот присуствуваше и Амбасадорот на Република Словачка во Македонија Мартин Безак.

Амбасадорот Безак во своето обраќање до присутните потенцира дека неговата земја е долгогодишен и принципиелен подржувач за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Република Македонија.

– Ние кои влеговме во ЕУ во 2004 година, Ви ги пренесуваме нашите релативно свежи искуства од процесот на трансформација и интеграција. Воедно нашата земја за вас обезбедува поддршка во форма на грантови, стипендии и друга финансиска помош, како и помош во борбата против илигелната миграција, потенцира Безак.

Пред присутните се обрати Елизабета Јовчевска, секретар на општина Велес, која истакна дека европските начела се длабоко навлезени во секојдневниот живот на Велес.

– Евроинтеграциите не се само агенда, најзначајно од се’ е свеста за европските вредности која треба да допре до секој граѓанин, а тоа може да го направиме единствено со блиска соработка со нив. Токму затоа општина Велес работи на тој план одговорно, професионално и транспарентно во корист на своите граѓани, потенцира Јовчевска.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа денеска беше организиран футсал натпревар помеѓу учениците од сите средни општински училишта.

Во чест на 9 мај, 72. годишнината од Денот на победата на фашизмот денеска на Спомен костурницата од НОВ, претставници на општина Велес, на Сојузот на борци на Велес и на училиштата со положување на цвеќе и едноминутно молчење им оддадоа почит на 24 илјади борци кои, во текот на народноослободителната борба во Втората Светска војна загинаа за слобода на Македонија.

Свеченоста беше збогатена со пригодна програма во изведба на учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“.

Катица Чадиева, одговорна за култура на Општина Велес, во своето обраќање до присутните потенцира дека тоа што 9 мај значи за Европа, исто тоа значи и за општина Велес и затоа секоја година им оддаваат достојна почит на борците загинати за слобода на Македонија.

– Ние со ова им кажуваме на младите генерации да можат преку сопствен истриски час да се навратат на минатото, за да знаат колку е скапа слободата, колку е значајно да се живее во мир и дека нема потреба повеќе никој да војува и нема потреба од солзи, од крвопролевање и од немили настани, потенцира Чадиева.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Кинескиот лидер ќе биде во Москва за прославата на 9. мај

Катерина Ѓуровски

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден