Во Велес крстот го фати 28-годишниот Драган Илков

Од:

Дваесет и осумгодишниот велешанец Драган Илков го фати светиот крст што беше фрлен денеска во водите на Вардар во Велес од Мало Мовче.

На свеченоста по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски, градоначалниот Славчо Чадиев и бројни гости и граѓани на Велес.

Илков, кој првпат се фрла по крстот, посака среќа и благодет за сите православни христијани. – Моментно сум невработен и во 2015 година очекувам работа, а за себе и сите православни христијани среќа, благодет и здравје, изјави Илков, кому му упатија честитки премиерот Груевски и митрополитот на повардарската епархија Агатангел.

Илков доби подарок од Повардарската епархија, Општина Велес, ЈКП „Дервен“ и други спонзори и од кумовите на годинашната манифестација во Велес. По традиција Драган Илков со своите другари во наредните денови со светиот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски