Во Велес ќе се одржи „Велешка Питијада 2014“

Од:

„Велешка Питијада 2014“ годинава ќе се одржи по 11 пат на 10, 11 и 12 октомври, најави денеска на прес-конференција градоначалникот Славчо Чадиев.

Чадиев информираше дека локацијата по барање на угостителите ќе биде на просторот пред кафетериите на улица „Благој Ѓорев“, но со многу подобра организација на просторот. Тоа, смета тој, ќе овозможи сите гости и учесници да имаат подеднакови услови, да се зачува зеленилото на тротоарите, а во истовреме да се овозможи слободно движење на гостите.

– Интересот за учество на оваа манифестација годинава е многу поголем како од производители на пити, така и од винарии затоа што питата и виното секогаш одат заедно. Досега има пријавено 30-тина учесници од Велес и регионот, прозводители на пити и винарии. Учесниците од регионот се винарии од општините од Вардарскиот плански регион. Бројката на учесници се уште е отворена и подготвени сме да обезбедиме штанд за секој учесник,истакна градоначалникот Чадиев.

Во музичкиот дел ќе настапат Миле Кузмановски и Наум Петревски со група „Виртус“, Ефто Пупиновски, Блага Петреска со групата „Академци“ и Нино Величковски со „Кумановски тамбураши“.

На 11.октомври во вечерните часови ќе настапи популарниот млад изведувач Маид, домашната рок група „Ареа“ и „Прљаво казалиште“. На 12.октомври (недела) бината е резервирана за Дани, Александар Тарабунов и Бени Шакири со групата „Нон-Стоп“ чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација. Инаку, преку цел ден ќе биде организирана програма со велешки естрадни уметници.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите