А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес до 17 часот одѕив од 55 проценти за претседателските и парламентарните избори

by А1он27/04/2014 - 18:4191
Share0

Во Велес до 17 часот на изборите за претседател гласале 55,86 проценти од лицата со право на глас, а на предвремените избори 56,88 проценти.

Добивај вести на вибер

Во Велес на 84 избирачки места според ОИК до 17 часот на вторите претседатесли избори гласале 55,86 проценти од гласачите, а за вонредните парламентарни гласале  56,88 проценти. Гласањето на сите изборни места поминало фер и демократски, велат од ОИК. Во Велес денеска за вторите претседателски избори гласаат 46.548 избирачи, а за вонредните парламентарни 46 444 избирачи.

Во Кочанско до 18 часот гласале над 58 отсто од граѓаните

До 18 часот во општина Кочани за претседател гласале 19.032 граѓани или 58,21 отсто, додека за парламентарните избори гласале 19.020 граѓани, односно 58,43 отсто, информира Ирина Хаџиева, претседателот на Општинската изборна комисија.

Слична е состојбата и во општина Чешиново-Облешево каде гласале 58 отсто за претседателските и 58,45 отсто за парламентарните избори.

Во Општина Зрновци излезеноста на граѓаните изнесува 57,94 отсто за претседателските и 58,74 отсто за парламентарните избори.

Во општина Виница одѕивот за претседатслските избори изнесува 52,2 отсто, а за парламентарните 53 отсто.

Најголема излезеност во овој дел на Македонија има во општината Пртопбиштип, каде за претседател гласале 66,75 отсто, додека за парламентарните избори излегле 66,81 отсто од граѓаните со право на глас.

Гласањето во овие општини до пред затворањето на гласачките места помина во мирна атмосфера и без инциденти.

izbori

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Горан Наумовски15/09/2025 - 13:04

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Горан Наумовски15/09/2025 - 10:24

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Горан Наумовски08/09/2025 - 09:41

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Горан Наумовски02/09/2025 - 20:39

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски28/08/2025 - 14:3128/08/2025 - 15:22

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Горан Наумовски23/08/2025 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен