Во вчерашната сообраќајка кај Долни Балван загина маж од кочанско

Од:

Вчера во 14.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Долни Балван, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен саксо“, управувано од 67-годишниот Г.Т. од селото Тркање, кочанско и патничко возило „сеат толедо“ управувано од 35-годишниот А.Д. од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки, соопшти МВР.

– На местото на несреќата починал Г.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Д., како и сопатничките од неговото возило С.С.(57), Ј.М.(59) и К.А.(42), сите од Штип. Тие биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош, извести МВР.

Со телесни повреди се здобила Л.П.(54), констатирани, исто така, во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип во присуство на Јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски