Во Украина има околу 100 македонски државјани, Османи ги повика да се вратат

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека во Украина во моментов има околу 100 македонски државјани и повторно ги повика да се вратат во земјава.

Во амасадата во Украина имаме двајца диполмати и нивните семејства. Бидејќи немаме одлука за затворање на амбасадата, диполматите остануваат во Киев, но нивните семејство ќе бидат вратени.

Втората категорија наши граѓани се набљудувачите на ОБСЕ, засега немаме одлука да ги повлечеме нашите набљудувачи од таму. Третата категорија се нашите државјани кои од различни причини се во Украина, тие се околу 30 плус челнови на нивните семејства кои во најголем дел се украински државјани.

„Во однос на македонските државјани, треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат во Македонија“, рече Османи.

Османи кажа и дека на територијата на Украина има околу 100 македонски државјани.

„Не сакаме воопшто да внесеме неизвесност и страв во Украина, во целосна координација сме со нашите сојузници НАТО и ЕУ“, додаде Османи.

Би можело да ве интересира

Зеленски открива: Во изработка е фундаментален документ за мир со 20 точки

Лавров: Русија инсистира на пакет договори и одржлив мир во Украина

ЕУ даде зелено светло за Украина – членство до 2028 година

Зеленски: Украина го финализира мировниот документ од 20 точки

Нова критика од Трамп: Зеленски е „шарлатан“, Украина е пред пораз

Путин: Донбас е дел од Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република