Во тетовските училишта ќе се одработуваат изгубените часови за прославата на албанското знаме

Од:

Изгубените часови за прославата на албанското знаме во тетовските училишта ќе се одработуваат, истакна денеска министерот за образование и наука Панче Кралев.

Тој рече дека за неизведувањето на наставата во училиштата во Тетово, Државниот просветен инспекторат доставил решенија до директорите на училиштата.

– Изречени се решенија, каде во рок од осум дена училиштата мора да достават до Државниот просветен инспекторат план за да се одработат овие изгубени часови или изгубен ден во некои училишта. Независно од оваа постапка Државниот просветен инспекторат ќе утврди санкции за оние училишта кои целосно не работеа за време на прославата. Ова е нешто што мора да се спроведе од аспект на почитување на Законот и е независно од прославата што се случуваше, рече Кралев.

Тој забележа дека Државниот просветен инспекторат е должен да ги следи законите и да постапува по големиот број забелешки, но и на примедби кои се добиени, бидејќи училиштата во Тетово не беа во можност да работат.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска