Во Тетово во октомври казнети 89 возачи за недозволено поставени фолии на стаклата

Од:

Сопственици на 89 возила се казнети во текот на октомври на тетовското подрачје затоа што полицијата открила дека имаат поставено фолии спротивно на законските прописи и критериуми. Изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе с е соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.

-Во текот на минатиот месец (октомври) на поширокото тетовско подрачје биле откриени 239 возила со монтирани, односно поставени фолии спротивно на законските прописи и критериуми. Покрај казни за 89 сопственици, 150 ги извадиле фолиите на лице место. Претежно станува збор за патнички возила кои имале поставено фолии на шофершајбните и предните стакла. Оваа активност на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај со несмален интензитет ќе продолжи и во ноември, соопштија денес од СВР Тетово.

Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат и на технички преглед. Во член 20 од правилникот за уреди и опрема се наведува дека видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски