Во Тетово санкционирани возачи без валидни дозволи и нерегистрирани возила

Од:

Полицијата откри 12 нерегистрирани возила, 10 возачи без валидни дозволи и четворица возачи почетници при вчерашните превентивно контролни активности во Тетово и Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Посочи дека овие бројки речиси секојдневно се повторуваат во полошкиот регион, а трендот на пораст на овој вид сообраќајни прекршоци е во постојан пораст од минатата година.

– Минатата година на ова подрачје биле откриени вкупно 3.249 нерегистрирани возила. наспроти 1.001 во 2015 година и 2.726 лица без возачка дозвола наспроти 865 во 2015 година, изјави Јосифовски.

Поради ваквите неповолни состојби, Јосифовски уште еднаш го повтори апелот до граѓаните и особено до младите прво да го положат возачкиот испит, па потоа да седнуваат зад волан, но и навреме да ги регистрираат нивните возила бидејќи како што рече Јосифовски не само што ја доведуваат во прашање сопствената туку и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, бидејќи нерегистрираните возила најчесто се и технички неисправни, а необучените возачи се потенцијална опасност на патиштата и чести предизвикувачи на сообраќајни несреќи.

Според законските прописи што ја регулират оваа област глобата за управување без возачка дозвола изнесува 300 евра во денарска противвредност, а за нерегистрирани возила од 100 до 500 евра во денарска противвредност. Покрај тоа глоба од 400 евра е предвидена за секој кој ќе му го даде возилото на лице за кое знае дека нема возачка дозвола.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он