Во Тетово претставени можности за финансирање на микром мали и средни претпријатија

Од:

Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој денеска во Општина Тетово ги претставија можностите од јавниот повик за финансирање на мирко мали, мали и средни претпријатија што ќе имаат иновативни идеи со што се придонесува за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на воздухот во нивната работа.

Директорот на Фондот Јован Деспотовски истакна дека вкупната сума определена од Владата за оваа намена изнесува шест милиони денари за развој на вакви решенија.

– Пред се не интересираат проекти за менување на навиките во сообраќајот, за менување на начинот на загревање, како и нови решенија во сферата на урбанизмот со што ќе се намалат емисиите на штетни гасови и ќе се придонесе кон подобрување на состојбите со квалитетот на воздухот. Овој јавен повик беше отворен минатата недела и по денешниот почеток во Тетово слични промоции ќе имаме и низ други места низ државата на кои ќе ги запознаеме заинтересираните со повеќе информации околу критериумите што очекуваат како проекти и развој на креативното и иновативно размислување на компаниите, рече Деспотовски.

Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи посочи дека ваквите проекти се важни за општината, а како нивни мерки во следните четири години за подобрување на квалитетот на воздухот на долгорочен план најави што поскоро активирање на јавниот превоз низ градот и поддршка на гасификацијата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски