Во Тетово одбележани 73 години од завршување на Втората светска војна

Од:

Со интонирање на државната химна денеска пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово беше одбележана 73-годишнината од завршувањето на Втората светска војна и победата над фашизмот.

Организатори на прославата беа Сојузот на борците на град Тетово.

– Во Втората светска војна во која како најкрвава во историјата загинаа повеќе од 50 милиони лица македонскиот народ ја одбра вистинската страна – големата антифашистичка коалиција. Со овој пригоден собир и ние како жители на Тетово и Тетовско се приклучуваме кон сиот демократски свет кога се одбележуваат 73 години од триумфот на слободољубивото човештво над мрачниот фашизам рече во своето обраќање пред присутните членот на одборот на Сојузот на борци од Тетово Стојан Петрушевски.

Според Петрушевски одбележувањето на овој значаен датум треба да биде повод за понатамошно афирмирање на народно ослободителната војна со чија победа дојде до создавањето на современата македонска држава.

– Во тие пролетни денови од 1945 година во слободна Македонија се воспоставуваа суштинските одлики на државноста –АСНОМ прерасна во прво народно Собрание, беше избрана првата македонска влада, објавена првата македонска азбика и беше кодифициран македонскиот литературен јазик изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски