Во Тетово одбележани 70 години од смртта на првоборецот Иљо Антевски Смок

Од:

Со положување цвеќе на споменикот на првоборецот Иљо Антевски – Смок во тетовската населба Два Бреста се одбележаа 70 години од неговата смрт во затворот во Тирана.
Со својата револуционерна активност овој борец дал голем придонес кон населението од Тетово и тетовско активно да се вклучи во вооружената борба за слобода во текот на Втората светска војна.

Животот на Иљо Антевски – Смок кратко траел, но претставува мошне значаен период исполнет со настани, сложени задачи и активности за слободна Македонија.

Роден е во сиромашно печалбарско семјество 1919 година во Тетово. Рано се вклучува во народно ослободителната борба и како комесар е член на Мавровско гостиварскиот одред каде од септември е негов политички комесар. Како член на вториот партизански одред Кораб во април 1943 година, по нерамноправата борба кај гостиварско Ново Село, заедно со 12 соборци е заробен од квинслишките балистички банди предводени од Џемо Хаса.

По невидена тортура и мачење бил предаден на италијанските окупаторски сили по што бил одведен во тиранскиот затвор како најозогласен затвор за политички затворенци на Балканот.

На денешен ден 1943 година заедно со уште петмина соборци е обесен во дворот на затворот при што откако извикал Смрт на фашизмот – слобода на народот, самиот го извршил чинот на бесење.

– Неговиот животен и борбен пат треба да биде пример за младите генерации како треба да се сака и да се брани својата земја, рече Милица Ивановска од Сојузот на борци -Тетово.

Пред спомен обележјето на Иљо Антевски-Смок цвеќе положија делегации на тетовскиот гарнизон на Армијата на Република Македонија, Сојузот на борци од Тетово и Гостивар како и претставници на повеќе политички партии и граѓански здруженија.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски