Во Тетово одбележан Светскиот ден без автомобили

Од:

Учениците од повеќе тетовски основни училишта денеска со симболично возење велосипед го одбележаа 22 септември – Светскиот ден без автомобили.

Педесеттина велосипедисти двапати поминаа по булеварот „Маршал Тито“ од кружниот тек кај Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ до кружниот тек кај зелениот пазар. За сето време, сообраќајот за автомобилите и другите возила на овој дел од сообраќајницата беше блокиран.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.
– Во соработка со училиштата и општинскиот Сектор за сообраќај го одбележавме Меѓународниот ден без автомобили. Политиката на општината е се повеќе да ги ослободиме тротоарите за пешаците, а каде има можности да поставиме и патеки за велосипедистите, како низ градот, така и кон месноста Бањиче. Сите имаме обврска да придонесеме во зачувување на амбиентот и животната средина, изјави Арифи.

Во рамки на одбележувањето, невладините организации „Еко Акција“ и „Мултикултура“ заедно со учениците од средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчевски“ на градскиот плоштад организираа лотарија за оние кои дојдоа со велосипед, ролерки или слични реквизити.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово