Во Тетово одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Со поставување на знамето на ромската заедница на јарболите пред зградата на општината и интонирање на ромската химна ,,Ѓелем Ѓелем” денеска во локалната самоуправа во Тетово беше одбележан 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. По тој повод на средба со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи беа повеќе претставници од ромската заедница во градот.

– Општина Тетово има инклузивни политики за промовирање на вредностите за еднаквоста и вклученоста на сите. По овој повод Тетово истовремено со европските центри Брисел и Стразбур денес го развеа знамето на ромскакта заедница. Сакаме со сите механизми да помогнеме Ромите да бидат вклучени во редовниот живот не само во општината, туку и пошироко во нашата земја, рече Арифи.

Според извршниот директор на Асоцијација за демократски развој на Ромите од Тетово „Сонце“, Ферди Исмаили општината со веењето на знамето покажува дека Ромите се еднакви со другите граѓани и така и ги третира.

– Како резултат на нашите активности и вклученоста во иницијативата Роме 2 од Советот на Европа, меѓу 23 земји во Европа, во Македонија знамето на ромската заедница покрај во Тетово денеска се вее и во општините Штип и Прилеп, рече Исмаили.

Иако положбата на Ромите во однос на онаа од пред петнаесетина години е подобрена во поглед на нивното вклучување во општествниот живот сепак има проблеми кои треба да се решаваат, смета Исмаили.

– Ние како Роми во Македонија имаме претставници во централната и локалната власт, политички партии и развиен невладин сектор. Еден од големите проблеми што се уште се присутни е тој со луѓето без лични документи каде има голем број на Роми, но имаме повеќе акции и тоа се решава постепено, изјави Исмаили.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово