Во Тетово одбележан Денот на АРМ

Од:

Во касарната „Кузман Јосифоски Питу“ во Тетово со воена свеченост денеска беше одбележан 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

Командантот на тетовскиот гарнизон потполковник Атанас Пановски потсети дека корените на АРМ се протегаат длабоко низ македонската историја.

– Низ вековна борба за слобода на македонскиот народ, борците го трасираа патот за удирање на темелите на македонската држава. Досегашните достигнувања на АРМ се нераскинливо поврзани со стремежите и делата на нашите претходници и великани од илинденскиот период, патриотите од АСНОМ и многубројната армија што ја ослободи земјата во Втората светска војна како сојузник на антифашистичката коалиција, рече потполковник Пановски.

Според него, покрај учеството на Армијата во меѓународни воени вежби и мировни мисии, неизоставен дел од АРМ се и ангажирањата во справување со природните непогоди не само во земјава, туку и надвор од нејзините граници.

Во рамки на свеченоста беа соопштени наредби за унапредување на старешини, врачени награди и признанија на повеќе старешини, војници и цивилни лица.
По завршувањето на официјалниот дел беше одржан и техничко тактички збор на кој беше претставен дел од воената опрема и вооружувањето со кои располага единицата во касарната во Тетово.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски