Во Тетово фатени тројца Косовци без документи за идентификација

Од:

Тројца државјани на Косово Ј.А.(20), Р.С.(23) и А.С.(21) вчера околу 1 часот по полноќ биле приведени од полицијата поради немање документи за идентификација и нерегулиран престој во нашата земја.

– Тројцата биле во алкохолизирана состојба и со видливи повреди кои претходно ги задобиле, според нивното кажување, при физички напад кој се случил во угостителски објект во Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој поосчи дека по приведувањето и задржувањето во полиција денеска ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, додека напоредно со тоа се преземаат мерки и активности за расветлување на тоа, како и од кого биле повредени пред приведувањето.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски