Во Тетово досега легализирани околу 4.000 дивоградби

Од:

Околу 4.000 објекти во општина Тетово веќе се легализирани согласно Законот за легализација на бесправно изградените објекти, информираат од општинскиот сектор за урбанизам.

Неџати Зулбеари, од секторот за урбанизам има примено околу 8.000 барања, но со дел од поднесените документи има определени проблеми.

– Најголем број од се уште нерешените барања имаат проблем со геодетските елаборати кои не се потполни поради што им ги враќаме на барателите да ги докомплетираат особено во делот на расчистување на имотно правните односи,  приватизирањето на земјиштето и слично, рече Зулбеари.

Поднесувањето на барањата за легализација на бесправно изградените објекти заврши во септември 2011 година. Сите барања треба да бидат одбиени или прифатени од општинските комисии во следните шест години, но како што напомена Зулбеари оние чиишто предмети не се решени, а имаат проблеми со докуметацијата мора целосно да ја докомплетираат потребната документација до јуни 2014 година.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски