Во терористички напад во Сомалија убиени најмалку пет лица и над 15 повредени

Од:

Најмалку пет лица загинаа во терористички напад, а 15 повредени се пренесени во болница по силната експлозија што утринава се случи во центарот на сомалиската престолнина, Могадишу. Според локални медиуми, во експлозијата загинале осум лица, а се повредени најмалку 23 лица.

Експлозијата во близина на крстосницата К4, во срцето на Могадишу, беше толку голема што ги урна ѕидовите на блиското основно и средно училиште Мукасар, а во нападот уништени се и голем број автомобили.

Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде групата Ал Шабаб која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда. Цел на нападот бил конвој на Обединетите нации, кој минувал по улицата.

Експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, како што најчесто оваа терористичка група ги изведува нападите.

Американската амбасада во Сомалија, преку Твитер, изрази сочуство до семејствата на жртвите и повредените и воедно потенцираше дека САД силно ги осудува сите облици на тероризам. „Луѓето во Сомалија заслужуваат да живеат живот без страв од напади“, се посочува во американската реакција.

Би можело да ве интересира

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски

Владата на Сомалија го осуди Израел по признавањето на Сомалиленд: „Ќе преземеме сите мерки за да се одбраниме“