Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле седум сообраќајки

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три сообраќајни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 17 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 21 возач биле исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради нерегистрирани возила од сообраќајот исклучени се 17 возила а шест возила – поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така, тројца возачи се санкционирани поради неправилно престигнување, а санкциониран е и еден пешак којшто минувал коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден издадени се 102 мандатни платни налози, додека 88 возила се подигнати со “пајак”.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош