Во тек е постапката за присилна наплата на данок на имот и фирмарина за 2019

Од:

Град Скопје преку соопштение ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

– Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, требa да ги подмират своите обврски, потсетуваат од Град Скопје и информираат дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

– Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници. Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања