• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во тек е Конкурс за најголем придонес во животната средина

by А1он09/05/2018 - 16:13123
Share0

Во тек е јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во областа на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта воп Скопје.

Добивај вести на вибер

Овој конкурс Град Скопје го распиша на 21 март годинава во рамки на традиционалната акција „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, а ќе трае до 15 мај 2018 година.

Според условите на овој конкурс, пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица треба да се достават по пошта на адресата Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“ бр.82 или во архивата на Градот. Повеќе информации може да се добијат на телефонските броеви: 02/3297-273 и 3297-304.

За првите две категории предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари. За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите ќе го врши соодветна комисија, која Град Скопје ја формира од своите вработени и од невладините организации.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен