Во тек е конкурост за наградата „13 Нoември“

Од:

Град Скопје денеска соопшти дека се уште трае Конкурсот за пријавување за наградата „13 Ноевмри“, што беше распишан во јуни.

– Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк), наведоа од Град Скопје.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот.

Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Наградите ќе бидат врачени на пригодна свеченост на 13 ноември, кога се одбележува Денот на ослободувањето на градот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош