Во тек се активности за евакуација на осумчлено македонско семејство од Судан

Од:

Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба.

– Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Од Министерството при тоа повторно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected].

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија