Во Свети Николе натпревар во кршење велигденски јајца од ној

Од:

Во Свети Николе денеска во просториите на Славјанскиот Универзитет петта година по ред на првиот ден од Велигден младите се натпреваруваа во кршење ноеви јајца.

Во натпреварот учествуваа 30 натпреварувачи од Свети Николе, а гости на манифестацијата покрај другите беа и странски дипломати.

Победник на овој традиционален натпревар е шест годишната светиниколчанка Сара Андреева, која со нејзиното ноево јајце кое тежи еден килограм, ги победи останатите натпреварувачи.

– Пресреќна сум што имам вакво големо, ама тешко јајце и ги искрши сите останати, вели Андреева.

Од Славјанскиот Универзитет најавија збогатување на оваа манифестација со нови интересни содржини, кои ќе привлечат многу повеќе посетители.

– Се надевам дека овој натпревар од следната година ќе го регистрираме како исклучително занимлив со интернационален предзнак со учесници од странски земји, но и ќе биде видно збогатен и со други интересни придружни содржини, најави проф.д-р Јордан Горчев, ректор на Славјанскиот Универзитет-Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска