Во сударот на автобус на ЈСП со два автомобила кај Блаце загина 17-годишно момче

Од:

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Блаце, во која загина едно лице, а едно е повредно, учествувале автобус на ЈСП Скопје со број 81 и два автомобила при што еден од возачите избегал од местото.

Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што подоцна возачот починал.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски