Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден

Од:

Во полициската станица во Прилеп е пријавено дека во село Лажани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди и без регистарски таблици, а управувани од 13-годишен и од 14-годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани.

Во несреќата од здобиените повреди починал 13-годишниот малолетник при што смртта била констатирана од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки повреди и не е во животозагрозувачка состојба.

Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски