Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори.

Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.

– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е во рацете на народот, во рацете на секој од нас кој верува дека заслужува повеќе. Денес победија слободните граѓани, победи Струга што работи и не се плаши, рече Ќира.

Според ДИК, од преброени гласови на 83, од 101 избирачко место Ќира освоил 7.999, а Далипи 7.315 гласа.

Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.

Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, а полни се и сместувачките капацитети, потврди за МИА градоначалникот Спасе Кочовски.

Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе раководи со Општина Вевчани. Тој во првиот круг од локалните избори освои 57,22 отсто, односно 440 гласови.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници