Во Струга пункт за помош на населението од поплавените подрачја

Од:

Општинската организација на Црвениот крст во Струга ја започна хуманитарната акција за поддршка на населението од поплавените региони во Македонија.

Како што информира секретарката на организацијата Адуриме Даути, во текот на наредните денови се очекува акцијата да има поголем одзив.

– Акцијата што ја спроведуваме нема толкав одзив како што имаше онаа за време на поплавите во соседна Србија, но сепак очекуваме дека наредните денови ќе се зголемува количеството помош што ќе ја донираат стружани. Тоа не значи дека досега граѓаните не донираа, туку напротив, собрано е мало количество вода и средства за хигиена на нашиот пункт. Од друга страна, верувам дека граѓаните даваат помош и преку отворените телефонски броеви на Црвениот крст на Македонија, вели Даути.

Според неа, стружани нуделе и облека, но како што појаснува, на граѓаните во поплавените подрачја најнеопходни им се водата за пиење и средствата за хигиена.

– Организацијата на Црвен крст од Струга е секојдневно отворена за сите хумани граѓани кои сакаат да им помогнат на настраданите во регионите кои беа поплавени од поројните дождови, додава Даути.

Црвениот крст на Република Македонија согледувајќи ја состојбата во поплавените региони веднаш започна со обезбедување помош на настараданото население во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја во кои поради излевање на реките водата не е безбедна за пиење.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили