Во Струга поднесени три кандидатури за градоначалник на општината

Од:

Во законски утврдениот рок за поднесување кандидатури за градоначалник и советнички листи на политичките партии кој истече во саботата на полноќ, во Општинската изборна комисија во Струга се поднесени вкупно три кандидатури за градоначалник.

Кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери е доктор Владо Кочоски. Довербата на граѓаните од ДУИ ќе ја бара доктор Арбен Лабеништа, а од ДПА кандидат за прв човек на општината е доктор Зијадин Села.

До Општинската изборна комисија во Струга во законски предвидениот рок за претстојните локални избори кандидатури за градоначалници поднеле три партии и тоа ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Во рамките на законскиот рок се поднесени и пет листи за членови на општинскиот совет, од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ, од ДУИ, ДПА и НДП, како и една советничка листа од група избирачи.

Носител на советничката листа на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата е Никола Затуроски, на ДУИ Агим Салкоски, на ДПА Абдула Ќазимоски, прв на листата од НДП е Ардијан Демири, а носител на независната листа на група избирачи е Скендер Бектеши.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември