Во Струга опожарено патничко моторно возило

Од:

Во ПС ОН-Струга вчера во 6.53 часот било пријавено дека на улицата „Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион „Караорман“ било опожарено патничко моторно возило „СААБ“, без регистарски ознаки.

Како што информира денеска МВР, пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Струга, а увид на местото извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Струга.

Констатирано е дека возилото во целост е опожарено, а пожарот најверојатно е подметнат со лесно запалива материја од страна на засега непознато лице. ПС-Струга презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени