Во Струга нема организиран пречек на Новата година

Од:

Стружани ќе ја пречекаат 2013-та година во домашен амбиент, во хотелско-угостителските објекти или надвор од градот, но и годинава нема да има организиран пречек на градскиот плоштад.

Во Струга со години наназад не се организира свечена новогодишна програма на плоштадот, а градоначалникот Рамиз Мерко потенцира дека граѓаните не покажувале интерес за масовен пречек на новата година.

– Не е предвидена програма во центарот на градот за дочекот на новата година, бидејќи искуствата од годините кога сме организирале такви прослави, покажуваат дека тоа не беше толку привлечно за граѓаните, вели Мерко.

Иако нема да се организира пречек на отворено, сепак, за новата 2013- та година од буџетот на Општина Струга се издвоени околу еден милион и четиристотини илјади денари. Од градската каса 600 илјади денари се потрошија за осветлување и украсување на градот со новогодишни реквизити, а 800 илјади денари им се поделени на членовите на општинскиот совет, така што секој од нив доби по околу 500 евра.

Туристичко-угостителските работници најавуваат дека за време на празничните денови во хотелите долж струшкото крајбрежје ќе престојуваат најмногу гости од соседните земји, Србија, Грција, Албанија и Бугарија.

Градските кафетерии вечерва и во текот на наредните празнични ноќи ќе организираат слични забави, а цените им се движат од петстотини до седумстотини денари во кои се пресметани по два пијалаци.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“