Во Струга конференција за развој на политика за младинска работа

Од:

Претставници на младите и донесувачите на одлуки, преку структурен дијалог ги дефинираат клучните препораки за признавање на младинската работа во Македонија, на националната работилница за развој на политика за младинска работа, што од 15 до 18 ноември годинава се одржува во Струга.

Конференцијата е дел од проектот „Развој на политика за младинска работа“, што го реализира Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Агенција за млади и спорт.

Преку признавањето на Младинската работа во Македонија, според извршниот директор на Коалиција на младински организации СЕГА Зоран Илиески, значително ќе се придонесе во развојот на идните младински политики во Македонија. Препораките, појасни тој, ќе бидат содржани во Бела книга за признавање на младинската работа, која ќе биде доставена до релевантните национални институции.

Младинската работа, како што информира претставникот од Агенцијата за млади и спорт Зорица Стаменковска, е еден од приоритетите во Националната стратегија за млади 2016-2025.

– Овој проект, имплементиран од Коалицијата на младински организации СЕГА, а поддржан од Агенцијата за млади и спорт придонесува за исполнување на целите. Голем чекор напред е што потребата за нејзино препознавање, како алатка за развој на младите луѓе е препознаена и од младинските организации и останатите релевантни институции, изјави Стаменковска.

Целта на проектот е да се овозможи активно вклучување на младите и младинските организации, преку граѓански дијалог со релевантните донесувачи на одлуки, со што ќе се обезбеди значајно влијание на иднината на младите со фокус дефинирање на препораки за развој на програма за младинска работа, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси, во согласност со критериумите за членство во ЕУ.

Од локалните дискусии, како што соопшти коалицијата СЕГА произлегла и потребата и придобивките за општеството од младинската работа, како и чекорите за признавање на младинската работа во Македонија.

Проектот го сочинуваа три фази. Во првата фаза беше организирана национална конференција „Како до признавање на младинската работа во Република Македонија“, со носители на одлуки на национално ниво. Во втората фаза беа организирани 14 локални дискусии во 10 градови (Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Скопје, Штип, Кавадарци и Струмица).

Преку локалните дискусии се прибираа мислењата на младите луѓе и претставниците на локалните институции во однос на чекорите за признавање на младинската работа и стандардите за младински работници и беа дефинирани примарни препораки.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“