Во Струга ќе се одбележи 71 година од првото пеење на македонската химна

Од:

Во организација на струшкиот музеј „Д-р Никола Незлобински“  и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ задутре ќе се одбележи 71. година од првото пеење на македонската химна „Денес над Македонија “ чиј автор е струшкиот писател Владо Малески.

– Првото пеење на химната досега се прославуваше секои 10 години и беше поддржувано од Собранието на Република Македонија. Во соработка со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, и секако, со еден поширок консензус од граѓаните на Струга кои бараа да се одбележува оваа манифестација непосредно пред Нова година, ќе ја одбележуваме секоја година, рече директорот на Музејот Сашо Цветковски.

Во рамки на програмата ќе биде промовирано и второто издание на монографијата „Вистината е во букетот цвеќе“ од Сотир Опетчески, во која како очевидец ги опишува настаните ноќта на пеењето на химната, но и на подготовките на текстот и музиката на песната. Обраќање ќе има и Љилјана Затуроска, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

Пред централната свеченост што ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, в недела напладне ќе биде положено и цвеќе пред споменикот на Владо Малески и пред спомен-куќата на Сотир Шута, каде првпат била испеана македонската химна „Денес над Македонија“.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски