Во средните училишта во Тетово и Гостивр проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“

Од:

Околу 4.000 ученици од прва година од осумте средни училишта во Тетово и Гостивар ќе бидат опфатени со активностите од превентивно – образовниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“ што започнува денеска, информираше портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово Марјан Јосифовски.

Тој истакна дека носители на активностите се Отсекот за превенција во СВР Тетово и мисијата на ОБСЕ во соработка со тетовската и гостиварската локална самоуправа.

– За првите класови од петте тетовски и трите гостиварски средни училишта кои следат настава на македонски, албански и турски јазик ќе бидат организирани посебни предавања што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници во функција на подобрување на разбирањето меѓу учениците од различна етничка припадност. По завршувањето на предавањата како планирана содржина на овој проект ќе се објави конкурс за натпревар во сликарство на тема „Живеј во хармонија со другите“ а избраните дела ќе бидат претставени на посебна изложба рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он