Во сообраќајката во Куманово потешко повредени двајца албански државјани

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во сообраќајната несреќа што се случи на клучката од автопатот Табановце – Куманово со тешки телесни повреди се здобиле двајца албански државјани.

Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле уште 12 лица на кои им е укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи вчера во 17:10 часот, а во неа учествуваа „ленд ровер“ со национални ознаки од Република Албанија, автобус МАН со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И., роден 1977 година од Врапчиште и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип. Во автобусот се превезувале 56 патници.

Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски