Во сообраќајката кај Велес повредени и двајца мигранти

Од:

Во сообраќајката што утрово се случи пред наплатната рампа Отовица на авгопатот Велес-Скопје повредени се 4 лица, од кои две лица се македонски државјани, а  двајца се мигранти од Ирак. Според информациите од Брза помош од Велес сите се вон животна опасност.

Според информацијата од д-р Кирил Лазов од Брзата помош од Велес, во едно од возилата имало повредено 37-годишна жена од село Добрејци, Струмичко. Тоа е вон животна опасност со повреди на вратот и болки во градите, сопатничката со неа 24-годишна пациентка од истото село е со повреди во грбот. И двете се пренесени на лекување во велешката Општа болница.

Во такси возилото имало повредени двајца мигранти од Ирак. Едниот имал исчашување на рачен зглоб со оток, а вториот повреден во слабинскиот дел на рбетот.
Д-р Лазов со екипата на Брза помош им укажал прва помош, но едниот од нив не сакал да биде пренесен на натамошно лекување во Велешката болница.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он