Во сообраќајката кај Удово повредени пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово

Од:

Во сообраќајната несреќа што се случила вчера на патот Демир Капија – Удово, кај местото „Маркова чешма“, повредена е пратеничката на СДСМ, Мери Лазарова, а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Лазарова и Костадинов со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци каде кај валандовскиот градоначалник се констатирани помали повреди, додека пак кај Лазарова тешки телесни повреди.

Пратеничката управувајќи патничко возило „Опел Корса“, во кој сопатник бил градоначалникот на Дојран, удрила во одрон од камења на коловозот, по што во неа удрило товарно возило.

Поради сериозноста на повредите, Лазарова била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он