Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковник Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерство за одбрана

Од:

Полковник Стефан Ивановски и Ана Нешовска – раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се двајцата загинати во сообраќајката кај Момин Поток, во близина на скопската касарна „Илинден“.

Оваа информација ја сподели екс министерката за одбрана, Славјанка Петровска на социјалните мрежи.

„Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“ – напиша Петровска.

Вели дека несреќното заминување ги скршило сите, а Министерството и Армијата изгубија многу. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир, напиша Славјанка Петровска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Министерката за финасии повтори дека никого не навредила: Ќе стане јасно зошто се случуваа сите овие работи

Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Катерина Ѓуровски

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците